X
 20.03.2022 Живот

Ова необично езеро се наоѓа во Украина, пораснало по падот на советски авион

Грдите сцени на војна и страдање во Украина го заматија погледот на природната убавина на оваа огромна земја, а едно од најинтересните места во Украина е езерото Лемурија. Лемурија е дел од заливот Сиваш и е познато како Розово Езеро или украинско Мртво Море.

ezero
Фото: Freepik

Ова прекрасно езеро се наоѓа помеѓу украинското копно и полуостровот Крим и е дел од поголемиот систем на плитки лагуни на Азовското Море. Она што го прави едно од најпосебните во овој дел од светот е неговата боја. Езерото ја добива својата розова и црвеникава боја од алгата дуналиела, која има висока отпорност на соленоста. Истата алга му ја дава бојата на Розовото Езеро во Австралија.



Постојат неколку приказни за тоа како настанало езерото

Потеклото на езерото е спорно. Според една теорија, на 26 август 1969 година советски бомбардер се урнал на брегот на Сиваш. Спасувачите наводно ги пробиле солените водоносни слоеви додека копале на длабочина од 18 метри за да ги соберат остатоците од бомбардерот. Езерото подоцна се формирало кога подземните води ја наполниле дупката.

Жителите на околните села го нарекувале езерото Јама и честопати оделе да пливаат за забава. По некое време почнале да се шират приказни за лековитите својства на солената вода на езерото. Ова овозможило почеток на развојот на зелениот туризам во овој регион, а набрзо калта од розовото езеро почнала да се користи за козметички и терапевтски цели.



Езерото Лемурија не е единственото розово езеро во Украина. Има уште најмалку пет, а фотографиите навистина го одземаат здивот.

Извор: Index.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот