X
 20.04.2021 Живот

ФБИ тврди дека овие 10 филма најреално ги прикажуваат психопатите

Психопатите се насекаде околу нас. Според заклучокот донесен од Универзитетот „Оксфорд“, еден отсто од луѓето во западното општество се психопати. Можеби изгледа малку, но тоа е еден на сто луѓе, така што секој еден од нас веројатно знае барем еден психопат.

Филмскиот свет е полн со нив, а ФБИ-експертите се согласиле да анализираат филмски психопати како дел од документарецот „Ноќ на психопатите“ прикажан на британскиот „Канал 4“. Ова се 10. психопати од филмовите за кои ФБИ-агентите сметаат дека се најубедливи.

10. Норман Бејтс, „Психо“

bejts
Фото: Wikipedia

Иако благодарение на насловот на филмот честопати мислиме на Бејтс како на психопат, аналитичарите на ФБИ не го сметаат за комплетен психопат, туку го ставаат на средината на скалата. Експертите повеќе веруваат дека Бејтс покажува класични симптоми на повеќекратно растројство на личноста отколку психопатија.

9. Ханибал Лектор, „Кога јагнињата ќе стивнат“

2
Фото: Screenshot/YouTube

Експертите тврдат дека разговорот на Кларис Старлинг со Лектор е точен приказ за разговор со психопат. Тие објаснуваат дека психопатот во разговорот ја презема моќта и се претставува себеси како предатор кој го гледа својот соговорник како плен.

Лукавоста и способноста за манипулација на Лектор го истакнуваат како вистински психопат.

8. Имитаторот Леон Ковалски, „Истребувач“

kovalski
Фото: Screenshot/YouTube

Начинот на кој се тестираат имитаторите во филмот се базира на вистинска листа за процена на психопатите, но начинот на утврдување на емпатијата е различен од тестовите што ги користи ФБИ. Како и во реалните истражувања, и филмот се обидува да ја утврди реакцијата на човекот на емпатијата што ја има во 99 отсто од луѓето. Ковалски паѓа на тој тест.

7. Гордон Геко, „Вол стрит“

gordon
Фото: Screenshot/YouTube

Геко во филмот постојано истакнува дека алчноста е добра, така што до крајот на филмот речиси и верувате во тоа. Неговиот начин на проповедање е одлична демонстрација на моќта на психопатите. Тука гледаме комбинација на манипулација, грандиозна слика за себе и површен шарм што се покажува како смртоносен.

6. Џејмс Бонд во изведба на Шон Конери

6
Фото: Screenshot/YouTube

Иако се чини дека не спаѓа на оваа листа, аналитичарите не се согласуваат. Личност што ја отсекува главата на човек со моторна пила и потоа се шегува за тоа не изгледа како нормална. Иако неговите постапки се насочени против криминалците, сепак, се очекува одредена човечка емпатија, но Бонд не го покажува тоа.

5. Том Рипли, „Талентираниот господин Рипли

ripli
Фото: Screenshot/YouTube

Многу работи од списокот на еден психопат може да се опишат како девијантни, а тоа е совршен опис на господин Рипли. Тој е шармантен, но зад уредниот патец и испеглана јака се крие злобен ум.

4. Алекс, „Пеколен портокал“

aleks
Фото: Screenshot/YouTube

Адаптацијата на романот на Ентони Бургес од Кјубрик се сметаше за доста вознемирувачка, а некои бараа и забрана за прикажување. Психопатското однесување на Алекс како водач на банда се манифестира преку недостиг на емпатија и постојана потреба за возбуда. Помалку е реалистична терапијата со која се обидуваат да го излекуваат.

3. Кевин, „Мораме да разговараме за Кевин“

3
Фото: Screenshot/YouTube

Психопатијата е потешко да се докаже кај деца, но во некоја форма може да се забележи. Во делот од филмот што се однесува на младоста на Кевин, гледаме дека тој не покажува никаква блискост со другите луѓе и нема ни трошка каење, што се две клучни карактеристики на психопатите.

2. Џед, „Злоба“

2
Фото: Screenshot/YouTube

Во „Злоба“, Алек Болдвин глуми хирург со комплекс на бог, што е, повторно, една од клучните одлики на психопатите. Дрскиот и злобен доктор е совршен приказ за тоа колку лесно може да се скрие психопатот. А, Џед покажува и голем површен шарм.

1. Џокер, „Темниот витез“

1
Фото: Screenshot/YouTube

Според ФБИ-експертите, најреално портретиран психопат во историјата на филмот е Џокер. Уште во првата сцена на овој филм Џокер покажува еден куп одлики од списокот за процена на психопати. Во грабежот што го врши, тој ја покажува токму таа возбуда што познавачите ја очекуваат, иако сосем непотребна за извршување на грабежот. Џокер не се плаши од ништо, не му пречи да убива луѓе и е желен за возбуда.

Извор: Faroutmagazine.co.uk
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот