X
 20.04.2021 Живот

Здружението на лекари специјализанти апелира итно да им се решат проблемите

Соопштението од Здружението на приватните специјализанти ви го пренесуваме во целост:

Длабоко навлезени во третиот бран од панедмијата, ние, специјализантите го даваме следново соопштение до јавноста:

1. Приватните специјализанти сè уште НЕМААТ здравствено осигурување. Три месеци изминаа откако министерот јавно, на сите медиуми и јавни гласила, вети дека проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти е решен. Ја известуваме јавноста дека по тоа прашање сè уште не е постапено!

2. За потсетување, платата на приватните специјализанти остана 26.000 денари од 2018 год., што во моментов е за 2.500 ден под просечна плата во Македонија. Досега ниедно покачување на личен доход, кое во неколку наврати опфаќаше и немедицински персонал што работи во здравствениот сектор, не нè опфати нас како приватни специјализанти.

3. Специјализантите сè уште немаат платени дежурства иако овој проблем се изнесе пред МЗ уште 2019 год., кога добивме уверување дека наскоро ќе биде решен. ЗЛС направи неколку пресметки кои ги опфаќаат државните и приватните доктори на специјализација по однос на платени дежурства. Истите не изнесуваат повеќе од 27.000 евра на месечно ниво, за која сума добивме одобрување од МЗ. Покрај сè, специјлизантите сè уште извршуваат 24ч дежурство за нула денари. Дел од овие неплатени дежурства колегите ги реализираат во ковид-центрите.

4.Покрај помпезната најава дека се обезбедени средства за вработување на 250 приватни специјализанти во декември 2020 г., три месеци подоцна ниту еден конкурс не е реализиран.


Со порастот на бројот на активни случаи и во недостиг на медицински кадар, повторно се бара од оваа група на маргинализирани лекари да работи во ковид-центрите кои се отвораат низ државата. Бројот на ЗАРАЗЕНИ приватни специјализанти, кои работат во ковид-центрите континуирано расте. А во меѓувреме колегите херојски се борат со Ковид-19 под овие услови веќе една година. Но во рамките на сопствената држава, не за долго.

Апелираме за итно решавање на горенаведените ставки и нивна конечна реализација, во практика, во најбрз можен рок.

Здружение на лекари специјализанти- ЗЛС

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот