X
 20.05.2021 Живот

14 месеци живее сам во хотел со 5 ѕвезди

Кога било забрането непотребното движење во Њујорк поради пандемијата минатиот март, противпожарната служба објавила дека во сите згради мора да остане барем една личност во случај на несреќа. За хотелот со пет ѕвезди „Чатвал“, таа личност била Роберт Малија.

Тој не бил првиот избор за хотелот со 76 соби, но повеќе луѓе одбиле да престојуваат таму и останале со семејствата. 36-годишниот Малија волонтирал да живее во хотелот за време на пандемијата. Тој е архитект и работи во групацијата што поседува повеќе хотели во Њујорк, меѓу кои и „Чатвал“.

Малија живее во собата 307 во хотелот веќе 14 месеци.

- Кога седмиците станаа месеци, се навикнав на мојата соба, како во „Бегство од Шошенк“. Сега сум среќен во мојата ќелија - изјавил Малија.


Фото: Marriott

Од сите 59 вработени, во хотелот останал само тој, па сам чистел и сам се хранел. За време на престојот тој е задолжен секојдневно да го проверува хотелот во случај на потенцијални проблеми, а еднаш неделно пушта вода во секој тоалет. Двапати месечно пушта вода во сите туш-кабини и мијалници.

Се гледа само со вработените во осигурителната компанија и главниот инженер на зградата, кој доаѓа во хотелот еднаш неделно.

Другите хотели на сопственикот на „Чатвал“ почнале да се отвораат месецов, а веројатно наскоро ќе се отвори и овој.

Автор: Хана Фришберг
Извор: nypost.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот