X
 20.05.2021 Живот

Еве колку чини место во вселенското летало на Џеф Безос

„Блу ориџин“, вселенската компанија на Џеф Безос, објави дека највисоката понуда за место за вселенскиот лет изнесува 2,2 милиона долари.

Компанијата добила повеќе од 5.200 понуди од 136 различни земји во првиот круг на аукцијата. Првиот лет ќе биде на 20 јули со ракетата „Њу шеперд“, и тоа ќе биде првиот лет во историјата на човештвото што ќе носи луѓе во вселената.

Главната понуда беше 1,4 милион долари. Вредноста се зголеми кога „Блу ориџин“ почна да го прикажува наддавањето на својата веб-страница. Аукцијата ќе заврши на 12 јуни за да се утврди победникот.

Производителот на ракети, кој се обидува да помогне во пионерскиот вселенски туризам, на 5 мај изјави дека собра доволно податоци за оперативни услуги по 15 пробни лета и 16 слетувања на капсули на нивната локација за слетување во Западен Тексас.

Патувањата, секое од приближно 11 минути, ќе ги однесат патниците 100 километри во суборбиталниот простор.

„Блу ориџин“ одби да каже колку луѓе ќе летаат на првиот лет и дали ќе бидат вработени или клиенти. Компанијата допрва треба да ги открие стандардните цени на билетите за возење во иднина.

Приходите од аукцијата ќе бидат наменети за фондацијата „Блу ориџин“, која сака да го промовира образованието во полиња како науката, технологијата и математиката.

Извор: Dallasnews.com
Фото: Blue Origin
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот