X
 20.05.2022 Живот

Во Англија зголемен бројот на лица со нарушувања во исхраната за 84 отсто за пет години

Болничкиот третман на лицата со нарушувања во исхраната е зголемен за 84 отсто во изминатите пет години, а момчињата и младите мажи сe сè попогодени, покажуваат стручните анализи.

Во периодот 2020-2021 г. имало уште 11.049 случаи на згрижени лица поради болести како што се булимија или анорексија – вкупно 24.268 низ цела Англија. Бројот на деца и млади се зголемил за 35 отсто за само една година кога пандемијата беше на својот врв, според анализата на Кралскиот колеџ за психијатрија.

Овој ненадеен пораст е забележан кај младите мажи со 280 хоспитализации и во периодот 2015-2016 година.

Колеџот објави нови упатства за помош на професионалците при идентификувањето на луѓето кај кои нарушувањето во исхраната е посериозно и опасно за живот и да обезбеди упатства за правилен третман. Ако треба да се запре епидемија на вакви нарушувања, од клучно значење е на професионалците да им се дадат итни упатства, а властите да го поддржат нивното спроведување.

Секоја петта смрт на лице со анорексија е самоубиство.

Родителите можат да препознаат можни симптоми како што се компулсивно прејадување, чувство на вина по јадење, негативна слика за себе – некои од знаците за потенцијално нарушување во исхраната.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот