X
 20.06.2018 Технологија

Пристигна „Гугл Андроид Месинџер“

Неодамна „Гугл“ го воведе својот „Rich Communication Services“ за „Андроид“ како конкуренција на популарниот „Ајмесеџес“ на „Епл“. Компанијата веќе подолго време го истражува концептот на испраќање пораки директно од прелистувачот.

RCS официјално пристигна, а ќе биде достапен за сите во текот на наредната недела, донесувајќи нов бран дополнителни функции.

mesindzer
Фото: Google


Во мобилната апликација ќе мора да ја активирате поставката Messages for web, а потоа на вашите пријатели ќе можете да им испраќате пораки од пребарувачот на компјутерот.

Мобилната апликација „Месиџес“ исто така добива четири нови функции. За почеток, можете да го допрете копчето плус на левата страна за да пребарувате GIF слики, а тука се и паметните одговори кои се совршени за брзи одговори на пријателите. Исто така, можете да видите мала слика над линковите во самите разговори, што ќе може да ви помогне да одлучите дали сакате да кликнете или не.

mesinzder
Фото: Google

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија