X
 20.06.2021 Живот

Портрети што откриваат колку се различни пчелите

Џош Форвуд, фотограф на дивиот свет, создаде фасцинантна серија на портрети од пчели. Фотографиите покажуваат колку всушност се различни тие.

Форвуд, чија работа може да се најде на „Нетфликс“, „Дизни“, Би-би-си, „Нешнл џиографик“ и Пи-би-ес, одлучил да направи портрети од пчели додека бил во карантин во неговиот дом во Бристол.

1

Постојат повеќе од 20.000 познати видови пчели во светот, но она што повеќето луѓе можеби не го знаат е дека пчелите во голема мера не живеат во улишта и колонии - се проценува дека 90 отсто од пчелите се осамени.

2

3

И додека многу пчели можеби изгледаат исто кога летаат, гледајќи ги одблизу може да се открие колку се различни.

- Осамените пчели се поефикасни опрашувачи отколку медоносните пчели бидејќи не користат „вреќи за полен“ на нивните нозе за безбедно чување на поленот. Како резултат, тие се целите со полен, со што е поголема веројатноста да го пренесат на различни растенија додека се хранат - вели Форвуд.

4

5

За да го направи овој проект, Форвуд изградил „хотел за пчели“ во неговата градина кој содржел бамбусни цевки.

6

7

- Хотелите за пчели можат да помогнат така што ќе понудат дом за осамените пчели во вашата област, а се лесни за изградба - вели тој.


Извор: Petapixel.com https://petapixel.com/2021/05/22/portraits-of-bees-reveal-how-different-they-actually-look/
Фото: Josh Forwood  
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот