X
 20.06.2022 Живот

„Дејли мејл“: Шефот на СЗО верува дека коронавирусот излегол од лабораторија во Вухан по несреќа во 2019 година

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) приватно верува дека пандемијата започнала откако коронавирусот излегол од кинеска лаборатирја, пишува „Дејли мејл“ повикувајќи се на свои извори.

Иако Светската здравствена организација јавно тврдеше дека „сите хипотези остануваат на маса“ за тоа како се шири коронавирусот, претставник на британската влада за „Дејли мејл“ рече дека лидерот на СЗО Тедрос Гебреисус неодамна му се доверил на високо рангиран европски политичар.

Тој рекол дека најверојатното објаснување за избувнувањето на пандемијата е катастрофална несреќа во лабораторија во Вухан, кинески град каде инфекцијата за првпат избувна кон крајот на 2019 година.

„Дејли мејл“ ја открива загриженоста на западните разузнавачки служби во врска со работата на Институтот за вирологија во Вухан, каде што научниците манипулирале со вируси земени од телата на лилјаци. СЗО претходно беше критикувана дека покажува преголема стравопочит кон Кина и затоа што лесно ги прифаќа тврдењата на официјален Пекинг дека приказните за истекување на вирус од нивната лабораторија во Вухан се само теории на заговор.

Меѓутоа, во отсуство на какви било убедливи докази дека пандемијата започнала откако вирусот бил пренесен од животни на луѓе, Светската здравствена организација сега зазема многу повнимателен официјален став.

Тедрос неодамна им кажа на земјите-членки дека СЗО сè уште нема одговор на прашањето како започна пандемијата на коронавирусот.

kovid
Фото: Freepik

- Разбирањето на потеклото на вирусот е многу важно за да се спречат некои идни епидемии и пандемии. Им должиме одговори на сите жртви, како и на нивните семејства. Сите хипотези мора да останат на маса додека не добиеме докази кои ќе ни овозможат прифаќање или целосно отфрлање на одредени теории. Затоа, исклучително е важно политиката да се држи што подалеку од науката. Начинот да се спречи политизацијата е земјите да споделуваат податоци транспарентно, без мешање од ничија влада. Единствениот начин на кој овој научен труд може успешно да напредува е целосна соработка со сите земји, вклучувајќи ја и Кина, каде беа пријавени првите случаи на ковид-19 - рече тој.

Кинеското противење на првичната истрага на СЗО за избувнувањето беше жестоко, што доведе до заклучок дека вирусот веројатно се проширил на луѓето од лилјаци, индиректно преку сè уште неидентификуван животински вид. Но, откако 14 земји, вклучително и Британија, САД и Австралија, ги критикуваа наодите како сериозно компромитирани, Тедрос ги призна недостатоците на извештајот и нареди нова истрага.

Американската разузнавачка служба ја стави тајната лабораторија во Вухан во центарот на истрагата за потеклото на коронавирусот. Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео тврдеше дека работниците од Институтот во Вухан се разболеле со симптоми слични на ковид-19 во есента 2019 година, односно неколку недели пред официјалното објавување на тревогата. Тој исто така рече дека кинеските научници експериментираат со многу сличен вирус како дел од воени проекти.

Извор: Daily Mail | b92.net
Насловна фоторафија: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот