X
 20.07.2021 Живот

Ентони Бордејн: „Вашето тело не е храм, туку забавен парк. Уживајте во возењето“

Ентони Бордејн имаше талент да раскажува приказни за секакви луѓе и места. Тој умееше да комуницира и со бизнисмени на луксузни вечери и со самовработени готвачи на улиците во сиромашни квартови. Напиша над 10 книги и патуваше насекаде низ светот додека гледавме како ужива во секоја посебна култура преку храната. Бордејн си го одзеде животот во 2018 г. Следуваат некои негови цитати преку кои тој живее и денес.

- Вашето тело не е храм, туку забавен парк. Уживајте во возењето.

- Секогаш ја задржувам идејата дека не сум во право или дека ќе треба да го сменам мислењето. Поголемиот дел од времето тоа прави да се чувствувам добро, понекогаш навистина боли и е срамно.

- Доколку сум застапник за нешто, тоа е за движењето. Колку подалеку и колку повеќе можете. Преку океанот или едноставно преку реката. Влезете во нечии чевли или барем јадете ја нивната храна. За сите е плус.

- Патувањето е за она прекрасно чувство на тетеравење во непознатото.

- Вештините може да се научат. Карактерот или го имате или го немате.

- Не треба да се согласувам со тебе за да ми се допаѓаш или да те почитувам.

- Како што се движите низ животот и овој свет, малку ги менувате работите, оставате траги зад себе, колку и да се мали. За возврат, животот и патувањето оставаат траги врз вас. Поголемиот дел од времето, овие траги, на телото или срцето, се прекрасни. Но често болат.

- Не се плашам да изгледам како идиот.

- Без експериментирање, подготвеност да поставуваме прашања и да пробуваме нови работи, сигурно ќе станеме статични, повторувачки и застрашувачки.

- Можеби тоа е доволно просветлување: да знаете дека нема конечно место за почивање на умот, ниту момент на целосна јасност. Можеби мудроста... е да се сфати колку сум мал и немудар и уште колку имам да одам.


- Многу учите за некого кога споделувате оброк.

- Патувањето е дел од искуството - израз на сериозноста на нечија намера. Не може само да се фати воз до Мека.

- Готвењето е занает, сакам да мислам, а добриот готвач е занаетчија, а не уметник. Нема ништо лошо во тоа. Најубавите катедрали во Европа биле изградени од занаетчии, иако не биле дизајнирани од нив. Вежбањето на вашиот занает на ниво на експерт е благородно, чесно и задоволувачко.

- Не лажете. Направивте грешка. Признајте ја и продолжете понатаму. Само не повторувајте ја. Никогаш.

- Патувањето не е секогаш убаво. Не е секогаш удобно. Понекогаш боли, дури и ви го крши срцето. Но тоа е во ред. Патувањето ве менува, треба да ве смени. Остава траги врз вашата меморија, вашата свест, вашето срце и врз вашето тело. Земате нешто. Се надевам, оставате и нешто добро зад вас.

- Начинот на кој правите омлет го открива вашиот карактер.

- Претпоставувајте го најлошото. За секого. Но не дозволувајте овој отровен поглед да влијае врз вашата работа. Не дозволувајте тоа да влијае врз вас. Игнорирајте го. Забавувајте се со она што го гледате и во она во што се сомневате. Само затоа што некој колега е мизерен, предавник, себичен, каприциозен и корумпиран кретен не треба да ве спречува да уживате во неговото друштво, да работите со него или да го сметате за забавен.

- Не одам никаде. Се надевам. Беше авантура. Имавме некои жртви низ годините. Се скршија работи. Се загубија работи. Но не би ги пропуштил за ништо на светот.

- [Кога ќе умрам], нема да жалам за пропуштени можности поради добро поминато време. Повеќе ќе жалам за луѓето што биле повредени, луѓето што биле изневерени, пропаднати средства...

- Без нови идеи, успехот може да застане.

- Јас сум навистина тип А и многу работи во мојот живот се за контрола и доминација, но јадењето треба да биде искуство на потчинување, во кое ја фрлате заштитата и уживате во возењето.

- Одамна научив дека обидот за микроменаџирање на совршениот одмор секогаш е катастрофа. Тоа доведува до лошо поминато време.

- Можам да го истоварам моето мислење врз секого во секое време.

Извор: Inc
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот