X
 20.07.2022 Живот

Германија итно бара 15.000 работници за својата железница

Германската железница „Дојче бан“ итно бара 15.000 работници. Компанијата дури објавила огласи на српски и на хрватски јазик на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, пренесува „Капитал“.

Наведено е дека се бараат 15.000 железничари, а моментално е актуелен конкурсот за маневристи. На огласот може да се пријават мажи и жени, а нема старосно ограничување.

- Нема старосна граница, само треба да се има на ум дека според германскиот закон, дозвола за управување со воз може да добијат само оние што се постари од 21 година - изјавиле од компанијата.

Компанијата им нуди на вработените сигурна плата, договор на неограничено време, усовршување на германскиот јазик и помош за селење во Германија.

- За селењето ќе се погрижи експерт од нашата компанија кој на кандидатот ќе му помогне со сите потребни документи што треба да се пополнат. Успешните кандидати ќе добијат индивидуален план за преселба со сите потребни информации - наведуваат од компанијата.

Потенцијалните кандидати ќе поминат обука пред да почнат со работа.

Извор: Capital
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот