X
 20.07.2022 Образование

Уписи на УКЛО: Создаваме иднина - Правен факултет - Кичево

Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола има мисија за достигнување на супериорноста во правното образование, со приоритетна обврска - ориентацијата на своите студенти кон иднината. Ние ви нудиме можност – вие треба да ја препознаете и да ја искористите најдобро што можете.

Во време кога човек треба да донесе една од најзначајните одлуки во својот живот, а тоа е која професија да ја одбере, треба да се направи вистински избор. За изборот да ви е полесен, еве неколку причини зошто секој што се запишува на УКЛО и сака да студира право или политички науки и дипломатија, треба да го избере Правниот факултет – Кичево со дисперзирани студии во Битола и во Струга.

Студиите по право и студиите по политички науки и дипломатија обезбедуваат квалитетно образование, стекнување современи знаења и широк спектар на професии. Освен традиционалните професии од сферата на правото и правосудството, со завршувањето на нашиот Правен факултет ќе бидете во можност да земете активно учество и во други професии во општествено-политичкиот живот, деловниот свет, меѓународните организации, граѓанските организации, образованието и науката. Исто така, неминовна е и појавата на нови професии затоа што правото и политичките науки се во чекор со развојот на технологијата и општеството.

правен

Современи студиски програми на трите циклуси на студии

Правниот факултет веќе е во втората деценија од своето постоење и успешно работење. Како високообразовна институција сме акредитирани за сите циклуси на студии и нудиме студиски програми на трите циклуси академски студии.

•  Прв циклус студии

- Правни студии
По завршувањето на академските студии од првиот циклус, студентите се стекнуваат со назив дипломиран правник (240 ЕКТС кредити).

- Политички науки и дипломатија
По завршувањето на академските студии од првиот циклус, студентите се стекнуваат со назив дипломиран по политички науки и дипломатија (240 ЕКТС кредити).

•  Втор циклус едногодишни академски студии

- Казнено право и криминологија
Со завршувањето на оваа насока од студиите од втор циклус, студентите се стекнуваат со назив магистер на правни науки, насока Казнено право и криминологија (со вкупно 300  ЕКТС кредити).

- Бизнис-право
Со завршувањето на студиите од втор циклус, студентите се стекнуваат со назив магистер на правни науки, насока Бизнис-право (со вкупно 300 ЕКТС кредити).

- Административно право и администрација
Со завршувањето на овие студии од втор циклус, студентите се стекнуваат со назив магистер на правни науки, насока Административно право и администрација (со вкупно 300 ЕКТС кредити).

- Човекови права и демократија
Со завршувањето на студиите од втор циклус од оваа студиска програма, студентите се стекнуваат со назив магистер по правни науки, насока Човекови права и демократијата (со вкупно 300 ЕКТС кредити).

правен

•   Трет циклус студии

- Меѓународно право и меѓународна политика

Со завршувањето на тригодишните академски студии од трет циклус, студентите се стекнуваат со назив доктор на правни науки, насока Меѓународно право и меѓународна политика.

- Казнено право и кривична правда
Со завршувањето на академските студии од трет циклус од оваа студиска програма, студентите се стекнуваат со назив доктор на правни науки, насока Казнено право и кривична правда.

- Административно право и администрација
Со завршувањето на овие академски студии од трет циклус, студентите се стекнуваат со назив доктор на правни науки, насока Административно право и администрација.

Наставен кадар

Наставниот и соработничкиот кадар на Правниот факултет го сочинуваат квалитетни кадри од различни сфери на правото и општествените науки (политички науки, безбедносни науки, економија, социологија и др.).

Многу од нив се членови на меѓународни стручни и научни организации, асоцијации и институции и активно дејствуваат во домашната и меѓународната научна заедница, а и редовно се дел од меѓународни научни конференции, обуки и истражувачки престои.

4

Образование


На нашиот факултет студентите имаат можност да се стекнат со теоретски, но и со практични правни знаења, да развијат елоквенција, дигитални вештини, да дебатираат, аргументираат и да расудуваат. Во насока на исполнување на оваа цел, постојано се организираат воннаставни активности во кои се ангажирани покрај наставниот кадар, и надворешни експерти од областа на правото.

Дополнително, Правниот факултет има потпишано и меморандуми за соработка со правосудните органи, локалните единици на самоуправа, адвокати, нотари, извршители, како и претставници од деловниот и граѓанскиот сектор, во насока на зголемување на можностите за практична настана на нашите студенти.

Во рамките на Правниот факултет како посебни организациони единици функционираат Правната клиника, Центарот за научноистражувачка работа, Центарот за професионални обуки и кариерен развој, Одделението за ИКТ подготовка на правници, а од тековната академска година ви ја најавуваме и Школата за стручно усовршување на правници.

5

Во текот на студиите, нашите студенти добиваат можност своите реторички способности и правно размислување и аргументирање, да ги развиваат преку клубот „Titus Flavius Orestes” и редовното учество на меѓународни и регионални moot court натпревари за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права.

Преку учество во воннаставните активности организирани од нашите организациони единици, студентите покрај формалното, се стекнуваат и со неформално образование, кое ја зголемува вредноста на студиите и овозможува побрзо вработување по дипломирањето.

Мобилност

ЕКТС системот на студентите им ја дава можноста да користат мобилност и да следат настава (еден или два семестри) на факултети во Европа со кои Правниот факултет има потпишано билатерални меѓуинституционални Еразмус + договори или со кои соработува во рамките на мрежата CEEPUS. Во моментов, Правниот факултет има 23 (дваесет и три) активни договори во рамките на Еразмус + мрежата со факултети од Италија, Франција, Полска, Чешка, Словенија, Романија, Србија, Турција, Бугарија и други.

Правниот факултет во своето досегашно постоење и функционирање, постојано докажува дека е правилниот избор за секој иден студент и дека има капацитет за создавање квалитетни правници и професионалци кои ќе можат да го понесат товарот во изградбата на општествен систем во кој владеењето на правото ќе биде еден од основните столбови.
 
Затоа вашиот избор нека биде Правниот факултет, УКЛО - Битола.
 
Ве очекуваме!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование