X
 20.08.2019 Живот

Фотографија што поттикна генијален предизвик на кој сите треба да се приклучиме

Фотографијата што на „Твитер“ неодамна ја објави извесен Џејсон Принс, поттикна нов предизвик што е навистина корисен за природната средина.

Имено, Принс, без никаква намера да го привлече вниманието на јавноста, објавил фотографија од шише полно со догорчиња што ги собрал во радиус од 50 метри, покажувајќи колку догорчиња всушност има околу нас.

- За 20 минути наполнив шише во радиус од 50 метри. Ова станува сериозно - напишал тој на неговиот твитер-профил.
На неговиот пост се надоврзала и го почнала предизвикот Амел Талха, која добила инспирација токму од идејата на Џејсон, нарекувајќи го предизвикот #FillTheBottle. Сега луѓето на интернет масовно собираат догорчиња во празни шишиња и ги фотографираат. Заклучокот е поразителен - огромен број на догорчиња околу нас, а ние не ги забележуваме.



Талха вели дека предизвикот е започнат бидејќи е крајно време луѓето да се свестат и да видат колку е загадена околината. Таа ги повикува сите луѓе ширум светот да се вклучат и да почнат да чистат догорчиња од својата околина за заедно да помогнеме да се спаси планетата. За да се распадне едно догорче, потребни се 18 месеци, но тука загадувањето не застанува. Освен пластиката, филтерите од цигарите се состојат од неколку илјади хемиски состојки, вклучувајќи арсен, олово и никотин, а сите тие можат да протечат во земјата и морето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот