X
 20.08.2021 Образование

МОН: Училиштата се подготвуваат за започнување на наставата со физичко присуство за сите ученици

- Согласно мислењето на Главниот координативен кризен штаб и Владата, подготвени сме наставата да ја започнеме со физичко присуство за сите ученици. Исклучоци се учениците со хронични болести, учениците кои имаат хронични болни во семејството, како и од немедицински причини за кои ќе одлучуваат училиштата. За овие ученици ќе има можност наставата да се следи онлајн во текот на целата учебна година - изјави Душан Томшиќ, советник во Министерството за образование и наука.

Тој апелираше на доследно почитување на протоколите и истакна дека со нив е предвидено наставата да се одвива со носење маски во училница, да се прават чести проветрувања, чистење и дезинфекција на училниците, ходниците и преостанатите простории во училиштата.

- Од први септември наставата ја започнуваме со физичко присуство во сите училишта, за што Владата веќе донесе одлука и се подготвени потребните протоколи за заштита на здравјето. Отворањето на училиштата е во најдобар интерес за учениците, а истото е препорака и на УНИЦЕФ и на ОЕЦД. Најдобар начин за да го заштитиме и менталното здравје и да го одржиме нивото на квалитет на наставата и социјализацијата на учениците е тие да се во училница и ние тоа ќе го направиме во оваа учебна година -  рече министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за ТВ Клан.

Томшиќ посочи дека во случај на појава на позитивни наставници, ученици и родители, ќе се постапува исклучиво по алгоритмите на Комисијата за заразни болести, која ќе утврдува кој од контактите ќе оди во изолација.

МОН е подготвено со уште две резервни сценарија кои би се применувале во зависност од епидемиолошката состојба, а кое од нив ќе се применува ќе одлучува Комисијата за заразни болести.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование