X
 20.09.2015 Образование

Какви песни за татковината учат нашите ученици?

Учебниците со текот на времето многу се менуваат. Ако споредите читанка од пред 10 години со некоја сегашна, ќе видите значителни разлики во дизајнот, илустрациите и содржината. Тоа, секако, е нормален процес. Сепак, ако почнете да ги листате современите учебници и да ги читате текстовите и песните, ќе забележите имиња на некои нови автори кои испишуваат некои нови стихови, а кои децата треба да ги учат.



"Татковина е и автобусот "двојка" и мустаклијата што катаден вози", вели авторот на песна во учебник по македонски јазик за четврто одделение деветолетка. Ова, не им значи многу на учениците во Богданци, општина во која нема нумерирани автобуси. Стиховите за татковината во кои се споменува шоферот мустаклија, се далеку поразлични од она што сме го учеле пред многу години, а останало во меморијата, како на пример - "Татковина мила, топло гнездо мое, го славиме денес раѓањето твое"...

Каков е развојот во пишувањето песни на оваа тематика? Прочитајте и проценете сами.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование