X
 20.09.2017 Живот

Постојат жени...

„Постојат жени кои не паѓаат на комплименти, кои не веруваат во ласкави зборови. Постојат жени кои не гледаат интерес. Постојат жени кои веруваат во факти. Жени кои живеат на работ на животот со светлина во срцето. Жени кои кога се појавуваат, осветлуваат сè околу себе.

Жени кои сакаат од вас само силна прегратка и цврсто стискање на раката. Жени на чии усни секогаш има насмевка, а страста вибрира во сите нивни сетила. Жени кои ве сакаат само вас, како ваши кралици. Постојат жени кои веруваат дека ако имаме исти сни, секоја врата е отворена за нас. Постојат жени кои многу пати биле повредени, но и понатаму имаат моќ да изберат. Жени кои веруваат во вредности. Вредности кои не смеат никогаш да бидат изгубени, а тоа е достоинство. Постојат жени кои имаат еден страв. Страв да не станат како многумина.

Постојат жени кои веруваат дека сите желби може да се остварат. Жени кои веруваат дека сите сеќавања се впишани во нивната кожа. Постојат жени кои имаат надеж, презир кон реалноста и храброст сето тоа да го променат. Жени кои веруваат дека животот е направен да сонуваме, дека е направен за љубов. Жени кои веруваат дека и кога животот е суров кон нас, ние треба да му се насмевнуваме. Жени кои знаат дека некои приказни што живеат во нас, засекогаш носат болка, но живеат со нив. Постојат жени кои живеат лесно и слободно со тежок товар од животот. Жени кои кога денот е сив и тмурен, ги покажуваат сите бои што ги имаат во себе. Жени кои кога сè околу нас е несигурно и полно со сомнежи, носат сигурност. Жени кои им се насмевнуваат на луѓето и секогаш се тоа што се.

Никогаш не ги кријат своите слабости, не се покажуваат поразлично од она што се, не се плашат да бидат несовршени. Затоа што знаат дека нивните слабости и несовршености ги прават единствени.

Жени кои знаат дека совршенството не постои. Жени кои знаат дека само лицето што се смее е совршено.“

Извор: zojalola.wordpress.com
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот