X
 20.09.2019 Живот

Интересни факти за Јапонија: Во нивната култура има дури 20 различни начини за извинување

Познати како работливи и вредни, Јапонците често се вистинска енигма за западниот свет. И додека за некои се фасцинантни, за други е одбивна нивната ладнокрвност, но мора да се признае дека се држат до сопствената култура и сопствените идеали. На пример, светската јавност беше воодушевена од веста дека јапонската компанија „Акаги Нугјо ко“ објави видео извинувајќи се за зголемувањето на цената на својот култен сладолед „гари-гари кун“.

За да го одржи бизнисот, компанијата морала да ја зголеми цената на сладоледот од 60 на 70 јени, што е зголемување од 9 отсто. Компанијата го произведува сладоледот веќе 25 години, а неговата цена останала иста иако цената на состојките пораснала повеќе пати. Сепак, повеќе не можела да издржи и морала да ја зголеми цената, но првин се извини за тоа во рекламен спот.

јапонија
Фото: Pexsell


Ова се уште неколку помалку познати факти за Јапонија.

- Идиот е навредлив збор во јапонскиот јазик, поради што и ретко се изговара.

- Јапонците јадат делфини, а необработеното коњско месо е популарна храна во Јапонија.

- Ако оставите бакшиш, со тоа нема да направите добро бидејќи тоа се смета за потценување на работата.

- Шансите во Јапонија да ви го вратат паричникот со сите пари и картички е над 99 отсто.

- Токио се смета за доста безбеден град, а децата уште на 8 години почнуваат сами да користат јавен превоз.

- Работата од 18 часа без одмор не е нешто необично, ако вработените треба да се држат до рокови или има слична ситуација.

- Во Јапонија на улиците често може да се видат вазни со чадори, па ако почне да врне, секој слободно може да се послужи со нив.

- Во Јапонија месеците немаат имиња, туку броеви. Јапонија е единствена земја во светот што сè уште има цар на чело.

- Во Јапонија има повеќе домашни миленици отколку деца - околу 22 милиона домашни миленици, а 16,6 милиони деца помлади од 15 години.

- Во Јапонија годишно се трошат околу 24 милијарди стапчиња за јадење - околу 200 по личност. Според нивниот бонтон, стапчињата не треба да се вкрстуваат бидејќи тоа значи смрт и не смеат да се поставуваат вертикално во садот со ориз.

- Во „Гејт Тауер“ во Осака има автопат што поминува низ самата зграда, поточно помеѓу петти и седми кат.

- „Фанта“ е еден од најпопуларните пијалаци. Постојат дури 70 различни вкусови.

- Колку Јапонците се грижат за доброто однесување, потврдува фактот дека во нивната култура постојат дури 20 различни начини за извинување.

- Првпат кога Јапонците го слушнале гласот на нивниот цар, било кога тој најавил капитулација во Втората светска војна на радио. Инаку, Јапонците сметаат дека гласот на царот е всушност самиот Бог.

- Во Јапонија има 300 различни вкусови чоколатца „кит кат“, вклучувајќи и соја-сос, европско сирење и васаби.

- Најскапата риба продадена во Јапонија имала цена од 1,8 милион долари, а станува збор за туна што на аукција ја купил сопственикот на синџир за суши, Кијоши Кимура.

- По интензивна епизода на „Покемон“, на 16 декември 1997 година дури 685 деца биле примени во јапонските болници поради главоболка, вртоглавица, па дури и напади, а целиот инцидент бил наречен „Покемон шок“. Епизодата повеќе никогаш не била емитувана.

- Во Јапонија почесто се посвојуваат возрасни луѓе отколку деца, на пример, над 90 отсто од посвоените во 2011 година биле мажи на возраст од 20 и 30 години. Тие посвојувања се еден од начините семејствата да ја продолжат својата работа бидејќи немаат наследник. Посвојувањето на возрасните исто така е честа алтернатива на истополовиот брак, кој правно не е признаен во Јапонија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот