X
 20.09.2020 Живот

На Малдивите отворена најголемата вила на вода во светот, со тобоган директно во океанот

Сонева Фуши, сопственост на „Американ експрес фајн хотелс енд ризортс“, веќе е прославено во туристичката индустрија како едно од најлуксузните места за одмор. Но, сега овој луксузен ресорт на Малдивите ги направи најголемите вили над вода.

Наречени „Вотер ритритс“, овие осум вили се познати по моделот „еден остров/едно одморалиште“. Вилите се протегаат на речиси 600 квадратни метри, а плус 900 квадратни метри обезбедуваат целосна приватност. Секоја вила располага со бањи на отворено, голема спална со покрив од кој може да се набљудуваат ѕвездите, трпезарија со стаклен под, како и пространа палуба за базени со лежалки. Плус, доаѓаат со совршен поглед и воден тобоган што води директно во океанот.

1

2

Уште повеќе, употребен е рециклиран стиропор како изолација. Материјалот помага ентериерот да остане студен и ја минимизира бучавата од брановите и ветерот. Исто така, вилите се подигнати доволно високо над океанот, така што брановите не удираат на дното, нешто што го има во традиционалните надводни структури. Ова дополнително помага да се намалат бучавата и вибрациите на морето.

3

вила

Без оглед која вила ќе ја изберете, секој гостин има пристап до батлер, осум ресторани, три бара, игралиште за деца, галерија, бутик и активности како нуркање.

- Ако искуствата се волшебни, филозофијата е едноставна: без вести, без чевли - опишува одморалиштето.

Извор: Departures.com
Фото: Soneva Fushi
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот