X
 20.10.2022 Образование

МОН: Конкурсот за студентски стипендии ќе биде објавен на крајот од октомври или почетокот на ноември

Со почетокот на новата академска година, новите апликанти за студентски стипендии останаа збунети во врска со конкурсот за стипендии. Се објави конкурс за студентски стипендии, но тој беше за оние студенти што веќе аплицирале да ги продолжат своите стипендии, секако, ако ги исполнуваат соодветните услови.

МОН изјави за Факулети.мк дека студентите наскоро ќе добијат известување за конкурсот за новите апликанти за стипендии.

- Конкурсот за студентски стипендии ќе биде објавен кон крајот од овој или почетокот на следниот месец на веб-страницата на МОН - велат до МОН.
Подготвил: Ј.Т.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование