X
 20.10.2022 Технологија

Платил 2,9 милиони долари за првиот твит, а сега вреди само 132 долари

Во текот на изминатата година, но и оваа година инвеститорите вложија милијарда долари во многубројни NFT (non-fungible token) и се чинеше дека овие незаменливи токени може да бидат како крипто-треската од пред неколку години, кога сите полудеа по криптовалутите.

Без многу познавања на пазарот, со желба за брз профит, многумина зедоа кредити и ги потрошија своите заштеди „пумпајќи го“ крипто-балонот, до моментот кога тој не експлодира. Тогаш многу луѓе изгубија многу пари, додека оние што беа потрпеливи профитираа на крајот бидејќи следуваше нов подем на тој пазар.

На истото се надеваа и многу инвеститори во NFT кои инвестираа пари во разни виртуелни работи - од слики од мајмуни за кои платија милиони до виртуелни куќи.

Сина Естави, извршен директор на „Бриџ оракл“, малезиска крипто-инвестициска компанија, се обидел да профитира токму со NFT, па одлучил да го купи првиот објавен твит во историјата. Така, Сина платил 2,9 милиони долари за твитот на Џек Дорси, авторот на тој твит.
Планот на Естави бил едноставен: да инвестира неколку милиони, да почека NFT-пазарот да се загрее и потоа да продаде NFT за десетици милиони долари. Но, наместо раст на крипто-пазарот и пазарот на NFT, тие се соочија со пад, а потоа почна и војната во Украина, па инфлација и рецесија, поради што инвеститорите станаа повнимателни, односно попаметни во однос на начинот на кој сакаат да ги инвестираат своите пари.

Кога во април Естави се обиде да го продаде својот твит, највисоката понуда што ја доби беше околу 6.000 долари. Се разбира, не го продаде и одлучи да чека подобри времиња.

Но, според моменталната побарувачка за овој твит, се чини дека тие 6.000 долари и не биле така лоши со оглед на тоа што на најголемата платформа за тргување со NFT, „Оупенси“, некој за твитот доставил понуда од 132 долари. Состојбата со првиот твит доста добро ја покажува состојбата на овој пазар. Многумина избезумено купуваа дигитална содржина со сомнителна вредност, со една единствена цел - да ја продадат за повеќе пари.

Инаку, Естави последните девет месеци ги помина во ирански затвор под обвинение за нарушување на економскиот систем, а пазарот на NFT се промени по неговото апсење и падна за дури 50 отсто во март во споредба со јануари.

Извор: Entrepreneur.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија