X
 20.11.2015 Живот

Начини за заработка на пари како блогер

Блогирањето дава можност да пишувате или понудите информации за одредена тема за која имате познавање, а исто така дава можност за заработка на следните неколку начини.

Додавање на реклами

Еден од најлесните начини за заработка е да дојдете до понуди за рекламирање на вашиот блог. Потоа можете да заработите пари секој пат кога вашите читатели ќе кликнат на програмата. Google AdSense е еден од најпознатите извори за реклами, но постојат и други како Blogads, BlogHer И BeaconAds.

Филијала маркетинг

Филијалата маркетинг го носи рекламирањето еден чекор понатаму и потенцијално генерира значително повеќе приходи од плати-по-клик програми за реклами. Во овој бизнис вие ги нудите производите на другите луѓе преку нивно рекламирање на ваша страна, а заработувате провизија за секоја продажба. Најчесто користените програми се Amazon Affiliates и ClickBank.

Градење на мејлинг листа


Со тоа што ги поттикнувате посетителите да се регистрирааат со користење на нивната меил адреса, можете постепено да изградите мејлинг листа. Вашата листа отвора повеќе начини да заработите пари. Еден начин е да ги продадете вашите сопствени производи, а откако ќе имате на 1.000 претплатници, можно е да ја издавате мејлинг листата на интернет пазарот.

Заеднички вложувања со други луѓе на интернет

Градењето на мејлинг листата од претплатниците на вашиот блог и редовните читатели, ви отвора врата за спроведување на заеднички вложувања со другите блогери или интернет луѓе. Испратете понудат на блогерот, во која ќе нудите можност за изложување на нивните производи на вашиот блог.

Пишувајте и продавајте е-книги


Друг начин за заработка е да напишете е-книга за темата за која е вашиот блог. Некои блогери едноставно го собираат материјалот на нивната блог страна и создаваат е-книга која подоцна ја продаваат.

Предавајте

Блогирањто овозможува да станете експерт во областа за која зборувате. Вашиот блог служи како приод на вашата експертиза. Откако ќе воспоставите блог и имате добар број на следбеници, тогаш можете да започнете да предавате онлајн.

Консалтинг

Откако ќе се докажете себеси преку вашиот блог, како и вашата експертиза на тоа поле, можете да понудите консултантски услуги на корпорации или поединци. На пример, ако вашиот блог е за продажба на финансиски производи, тогаш понудете инвестиционо советување или продажба на консултантски услуги за осигурителна компанија или пак на индивидуални агенти за осигурување.

Хонорарно пишување

Дополнителни приходи можете да добиете преку хонорарното пишување за други веб страни. Постојат голем број веб страни како Upwork.com и PeoplePerHous.com на кои работодавците бараат хонорарни писатели.

Користење на вашиот блог за промовирање на вашиот бизнис

Ако имате примарен бизнис надвор од вашиот блог, тогаш вашиот блог може да служи како лесен начин за негово промовирање, добивање на нови клиенти и генерирање на дополнителни приходи. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот