X
 20.11.2016 Култура

Бисери од Ерих Марија Ремарк: „Додека не се предаде, човекот е посилен од својата судбина“

Ремарк бил неверојатно тежок човек со чувствителна и ранлива душа и талент во кој отсекогаш се сомневал.

Книгите што зад себе ги оставил се засноваат на живи чувства и на ликови кои минувале пред неговите очи и кои живееле во неговото срце.

Целиот живот му бил обземен од страстна љубов. На страшната војна им ги спротивставувал својата волја, вербата и човековата судбина. Пишувал за изгубената генерација за која нема место меѓу луѓето кои не ги искусиле ужасите од војната.

Во продолжение ви споделуваме неколку цитати од книгите „Тројцата воени другари“, „Триумфална порта“, „На запад ништо ново“ и „Искра на живот“, во кои е вложено целото животно искуство на познатиот германски писател.   


- Не – брзо одговори тој.  – Само тоа не. Да останеме пријатели?! Да направиме мала градина врз изладената лава од нашите мртви чувства? Не, ова не е за мене и за тебе. Тоа се случува после мали интриги, и се покажува прилично неискрено. Не ја валкај љубовта со пријателство. Крај е, крај.

- Ниеден човек не може да ви биде поголем странец од оној којшто во минатото сте го љубеле.

- Љубовта не поднесува објаснувања, нејзе ѝ се потребни дела.

- Секоја љубов сака да биде вечна, тоа е нејзината најголема мака.


- Единствено кога конечно ќе се разделиш од човекот, почнуваш вистински да се интересираш за сè што него го интересира. Тоа е еден од парадоксите на љубовта.

- За среќата може да се зборува пет минути, не повеќе. Нема што тука да се каже, освен дека си среќен. А за несреќата луѓето зборуваат денови и ноќи. Всушност, човекот е среќен само тогаш кога најмалку обрнува внимание на времето и кога не го брка стравот. Сепак, ако ве брка стравот, смејте му се. Што друго би правеле?

- Среќата е најнеопходното и најскапото нешто на светот.

- Додека не се предаде, човекот е посилен од својата судбина.

- Колку попримитивен е човекот, толку повисоко мислење има за себе.

- Најлесен е карактерот на циникот, најнеподнослив на идеалистот. Зар не мислите дека тоа е малку чудно?

- Ако сакате луѓето да не забележат што правите, немојте да бидете внимателни.

- Момче, запомни една работа: никогаш, никогаш и повторно никогаш, нема да испаднеш смешен во очите на жената, ако направиш нешто за неа.

- Мислам дека жената не треба да му кажува на мажот колку го љуби. Тоа нека го зборуваат нејзините очи. Тие подобро се изразуваат од зборовите.

- Тоа што не можеш да го имаш секогаш ти изгледа поубаво, отколку тоа што го имаш. Во тоа е суштината на романтиката и идиотизмот на човековиот живот.

- Покајувањето е најбескорисната работа на целиот свет. Не можете да вратите ништо. Не можете да го поправите. Во спротивно, сите би биле светци. Животот не планирал да биде совршен за нас. Оној на кого животот му е совршен, местото му е во музејот.

- Понекогаш треба да газите врз принципите, инаку нема да имате никаква радост од нив.

- Што и да ви се случи – не земајте го при срце. Многу малку нешта на светот се долготрајно важни.     
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура