X
 20.11.2018 Живот

Ревизија на бугарските пасоши на Македонците

Бугарскиот премиер Бојко Борисов побарал од бугарското министерство за внатрешни работи и од Државната агенција „Национална безбедност“ да спроведат проверка на издадените бугарски документи за идентитет на странски државјани, а на мета ќе бидат документите издадени во последниве пет години.

Наредбата доаѓа по големиот скандал во Бугарија во кој било откриено дека функционери земале пари за издавање пасоши.

Според информациите од Бугарија, во периодот меѓу мај 2017 и мај 2018 година 17.793 лица побарале бугарско државјанство, а од нив најголем број се Македонци. Министерката за правда Цецка Цачева неодамна соопшти дека околу 10.000 од овие барања биле од македонски граѓани.

Борисов наредил резултатите од ревизијата да бидат достапни што е можно поскоро и да му бидат лично доставени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот