X
 20.12.2018 Технологија

Видеото од „Јутјуб“ што ја резимира 2018 година е најомразено

Видеото на „Јутјуб“ наречено „Ривајнд“, кое е комбинација од најголемите трендови на платформата оваа година, стана најомразеното видео во историјата на „Јутјуб“, добивајќи 13 милиони „дислајкови“, надминувајќи го и видеото на Џастин Бибер за песната „Бејбе“, кое има 9,8 милиони „дислајкови“.

Видеото е критикувано од креаторите на содржини и од самите гледачи затоа што ги става во пред план рекламите, a не се ставени некои од најголемите јутјуб-случувања од оваа година.

„PewDiePie“, еден од најпознатите јутјубери, обвини дека компанијата им дава предност на огласувачите и рекламите, а не на популарните снимки и изведувачи на „Јутјуб“.

- Драго ми е што не сум на ова видео затоа што видеото не ја поврзува заедницата со нејзините креатори - изјави тој.

Еден од најпознатите културни настани на „Јутјуб“, кој не се споменува во видеото, беше бокс-мечот меѓу познатите јутјубери Логан Пол и Кеј-Си-Ај. И двајцата имаат над 37 милиони претплатници, а натпреварот, кој исто така беше стримуван и од „Јутјуб“, продал повеќе од 15.000 билети.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија