X
 21.01.2016 Живот

Совети за среќен живот од 60-годишниците

Неодамна, група 60-годишници добиле едно прашање: Кој би бил советот кој би им го дале на младите денес? Прашањето звучи едноставно, но одговорите изненадуваат

„Луѓето секогаш велат: Најдете работа што ќе ја сакате. Но, тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа за вас е онаа што ќе ја сакате некои денови, може да ја толерирате повеќето од деновите и ги плаќат сметките. Речиси никој нема работа која ја сака секој ден.“

„Годините минуваат брзо. Не се венчајте млади. Живејте го животот. Одете на места. Правете нешто. Спакувајте се и одете онаму кадешто може да отидете. Не купувајте работи. Видете го светот.“

„Не го сфаќајте животот многу сериозно. Дури и доколку работите изгледаат темни и безнадежни, обидете се да се насмеете на животот.“

„Вистинскиот пријател ќе дојде трчајќи ако му се јавите во 2 по полноќ. Сите други се познаници.“

„Најважната личност во вашиот живот е личноста со која се согласивте да го делите животот. Однесувајте се со нив соодветно.“

„Никој не умира посакувајќи да работел повеќе. Работете напорно, но работата не треба да биде приоритет пред семејството, пријателите или самите вие.“

„Може ќе живеете долг живот или краток - кој знае? Во секој случај, верувајте ми кога велам дека ќе посакате подобро да се грижевте за себе во младоста.“

„Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар со срцева болест - за никогаш да не станете тоа.“

„Имаме едно време на земјата. Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години и не сте ги направиле работите за кои сте сонувале.“

„Предметите се само предмети. Не се грижете за материјалното, грижете се за времето и искуствата.“

„Љубомората ги уништува врските. Верувајте му на ближниот бидејќи кому инаку би верувале?“

„Ако имате сон за станување и правење нешто што звучи невозможно, обидете се. Ќе стане само поневозможно како што стареете и станувате одговорни за други луѓе.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот