X
 21.01.2019 Технологија

„Тојота“ и „Панасоник“ заедно ќе прават батерии за електрични возила

Јапонските компании „Тојота мотор“ и „Панасоник“ од идната година ќе се здружат за да произведуваат батерии за електрични возила во обид да им конкурираат на кинеските ривали, тврдат јапонски медиуми.

Во заедничкиот потфат „Тојота“ ќе има 51 отсто удел, додека 49 отсто „Панасоник“. Со тој план би се обезбедувале батерии и за партнерите на „Тојота“, „Мазда“ и „Субару“.

Заедничкото вложување е врз основа на договор од крајот на 2017 година за заеднички развој на батерии со поголема  количина на енергија во призматската ќелија. Двете компании можно е да најават план за заедничко вложување уште оваа недела, јавуваат јапонски медиуми.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија