X
 21.01.2021 Образование

Илон Маск донираше 5 милиони долари за образовната онлајн-платформа „Кан Академи“

Со години, „Кан Академи“ е во првите редови на онлајн-образованието, нудејќи бесплатни квалитетни курсеви и инструкции за ученици од основно образование, средно и секако, за студенти.

Студентите и наставниците можат да изберат помеѓу различни курсеви по природни науки, математика, историја и други предмети.

Без разлика дали сакате да ги вежбате геометрија за математика за средно или да покриете наставна содржина по историја, „Кан Академи“ е одличен онлајн-ресурс. Бидејќи овие едукативни услуги ги нуди бесплатно, тие честопати зависат од огромниот број донатори што ѝ помагаат на „Кан Академи“ да ја продолжи својата мисија.

За среќа, неодамнешната донација од 5 милиони долари од Фондацијата „Маск“, предводена од милијардерот Илон Маск, ќе помогне во финансирањето на научните предмети достапни на оваа платформа.

„Кан Академи“ обезбедува ресурси што им се потребни на студентите, учениците и наставниците. Студентите масивно ја користат оваа платформа, со 20 до 30 милиони посетители месечно кои се најавуваат за да посетуваат курсеви.

Во видеото, во кое изразува благодарност до Маск, основачот на „Кан Академи“, Салман Кан, рече дека донацијата ќе ја забрза научната содржина.

- Ова ќе ја забрза нашата научна содржина, ќе ни овозможи да направи повеќе за раното учење и ќе ни овозможи да ги направиме софтверот и практиката многу попривлечни за милиони студенти низ целиот свет, како и за наставници од целиот свет - изјави Салман Кан.

5 милиони долари изгледаат како многу пари, но за Маск се ситница особено затоа што тој неодамна беше прогласен за најбогатиот човек на планетата со богатство чија нето-вредност се проценува на околу 188,5 милијарди долари.  Иако донацијата е за пофалби, приватната филантропија не ги решава проблемите на недоволно финансираните образовни системи.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование