X
 21.01.2021 Образование

Над 14 илјади ученици пријавија испити, матурата ќе се спроведе, бојкотот е неоправдан, вели Царовска

Министерката за образование и наука Мила Царовска за бојкотот на наставата на средношколците рече дека станува збор за мали групи средношколци коишто го искажуваат свој револт.

-Тоа е нивно право да го изразат незадоволството, но е важно да се знае дека мнозинството учениците ја следат наставата. Една скопска гимназија има поорганизирано дејствување, додека во останатите гимназии и средни училишта, станува збор за изолирани мали групи - изјави Царовска.

Министерката изјави дека матурата ќе се спроведе за што веќе се прават подготовките, а учениците најуредно ги имаат пријавено матурските испити.

-Повеќе од 14.000 матуранти ја пријавиле матурата, што всушност е бројката на матуранти отприлика коишто ги имаме годинава во земјата. Концептот за полагање на матурата е утврден уште на почетокот на учебната година и тој се спроведува во моментот. Секое поместување ќе ни направи проблем со запишување на учениците во високо образовани дома и надвор во земјата - вели таа.

Министерката истакна дека матурата значи заокружување на едно ниво на образование и затоа таа треба да се полага.

-Сите коишто планираат да продолжат на факултетите треба да ја полагаат матурата затоа што таа е услов да може да го продолжат образованието на факултетите и дома и надвор од земјата. За наредната година 2022 кога ќе полагаат дека тогаш нема да има проблем ќе имаат нова концепција и договоривме да формираме работна група, којашто ќе стартува од понеделник заедно со матурскиот одбор и Државниот испитен центар. Тие се задолжени за таа концепција. Да се подготви нов концепт по којшто ќе се полага секако дека е потребен нов концепт за измени во матурскиот испит и тоа ќе го направиме знаат и средношколците, но од идната учебна година - рече Царовска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование