X
 21.01.2021 Живот

Ова се најголемите закани за светот во 2021

Светскиот економски форум го објави 16. издание на својот извештај за најголемите ризици за светот. Во извештајот се анализира како земјите и бизнисите може да дејствуваат во соочувањето со ризиците како пандемијата, економскиот пад, политичките проблеми и климатската криза.

Очекувано, една од најголемите промени во заканите оваа година, во споредба со минатата, е поврзана со пандемијата на коронавирусот. Заразните болести сега претставуваат најголема закана според влијанието, а во 2020 овој ризик се наоѓал на 10. место. Пандемијата покажа дека заразните болести имаат големо влијание, не само врз здравјето на луѓето, туку и во поглед на економијата, се вели во извештајот.

Најголем дел од ризиците кои се најдоа на листата за 2021 се поврзани со климатски промени. Извештајот бил направен врз основа на анкета на 650 членови на разни заедници.

Најголеми ризици по веројатност

1. Екстремни временски услови
2. Недоволни мерки за климатските промени
3. Оштетување на околината од човекот
4. Заразни болести
5. Губење на биодиверзитетот
6. Концентрација на дигитална моќ
7. Дигитална нееднаквост
8. Нарушени односи помеѓу државите
9. Губење на сајбер-безбедноста
10. Егзистенцијални кризи

Најголеми ризици по влијание

1. Заразни болести
2. Недоволни мерки за климатските промени
3. Оружје за масовно уништување
4. Губење на биодиверзитетот
5. Кризи поврзани со природните ресурси
6. Оштетување на околината од човекот
7. Егзистенцијални кризи
8. Екстремни временски услови
9. Долгови
10. Пад на ИТ-инфраструктурата

Автор. Шон Флеминг
Извор: weforum.org
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот