X
 21.02.2020 Живот

Португалскиот парламент усвои пет предлог-закони за легализација на евтаназијата

Португалскиот парламент синоќа усвои пет предлог-закони за легализација на евтаназијата, опција што постои во мал број земји.

Усвоените текстови сега треба да бидат консолидирани во еден кој парламентот ќе го изгласа подоцна.

Португалскиот парламент го отфрли нацрт-законот за евтаназија во мај 2018 година.

Доколку парламентот го донесе законот, Португалија ќе стане четврта европска земја со легализирана евтаназија, по Холандија и Белгија во 2002 година и Луксембург во 2009 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот