X
 21.03.2016 Образование

Најдобрата активност за детето не е читањето

Заборавете на сѐ она што ве советуваат експертите за родителство. На сите тие Ајнштајн-ефекти и Моцарт-работилници за бебиња. Не ја затрупувајте собата на детето со книги и не се нервирајте што вашето три годишно дете сѐ уште не свири виолина.

Клучот на развојот на детската интелигенција навистина лежи во музиката, меѓутоа за тоа не ви се потребни милиони часови по музика уште од самото раѓање на детето и сето она што сте планирале да го купите за таа цел.

Наместо тоа, обидете се да измислувате песни со вашето дете или, ако тоа не ви оди, пејте или рецитирајте некои песни. Новото истражување покажува дека неформалното опуштено пеење или слушање музика со малите деца може подобро да делува врз нивниот развој дури и повеќе од читањето.

Земајќи ги во предвид податоците добиени од истражувањето во кое биле вклучени повеќе од 3.000 деца, тимот од Универзитетот во Квинсленд го истражувал вниманието на неформалното музичко образование дома, во семејства со мали дечиња врз подоцнежниот когнитивен и социјално-емоционален развој. Тие открија дека неформалното музичко образование дома на возраст од две и три години може да доведе до полесно совладување на читањето и сметањето, повисоко ниво на внимание и преовладување на емоциите.

Со мерење на влијанието на музиката и читањето, одвоено и заедно, истражувачите заклучија дека се уште поголеми придобивките од неформалното музичко образование отколку од заедничкото читање на книги, особено од аспект на однесување во општеството, и одржување на вниманието во помала но позначајна мера како и полесно совладување на броевите.

muzika
Фото: Freepik

Музиката и нејзиниот однос кон менталниот и социјалниот развој веќе долго време го окупираат вниманието на родителите, истражувачите па дури и филозофите.

Науката веќе подолго време укажува на тоа дека влијанието на музиката врз мозокот е доста големо, па постојат истражувања кои покажуваат дека кај учениците кои посетуваат часови по музика може да се забележи подобрување на интелигенцијата.

Според друго истражување, од претходните се разликува по тоа што акцент се става на вклучувањето на музиката во раното детство, и што неговите заклучоци се базираат на тоа кои музички активности за детето беа неформални и заеднички во рамките на семејството.

Заклучокот е дека едноставните и забавните музички активности можат да имаат огромна моќ во совладувањето на математиката и писменоста.

Родителите се` повеќе ги запишуваат децата уште од мала возраст во специјализирани музички училишта и работилници и сето тоа несомнено има позитивно влијание. Меѓутоа ова истражување покажува дека тоа не е вистинското решение. Вистинската сила на музичката игра лежи во единствена мешавина од креативност, звук и однос лице в лице; децата полесно учат кога учењето се одвива со луѓе кои им се најблиски.

Како ова да го примените во вашето семејство? Обидете се со децата да импровизирате, да пеете или обидете се да создадете нови рими од познатите мелодии.

Како и кај повеќето работи кои е пожелно родителите да ги прават со децата и овде е јасно дека не постои соодветна замена за личниот ангажман на родителите. Сето она што експертите го прават со децата во тие работилници веројатно и ние сме го правеле како деца - треба само да се присетиме на старите или да се запознаеме со некои нови детски мелодии.

Дозволени се сите алати за производство на звуци со кои располагате - од вашиот глас до кујнските садови. Ѕвончињата и свирчињата можат да бидат следниот чекор, а за похрабрите или музички пообразованите родители - и музичките играчки и синтисајзер.

Најдете време за играње со вашето дете, а кога ќе го најдете - заедно создавајте музика. Освен научно докажаните придобивки за детето, и двајцата ќе уживате!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование