X
 21.03.2018 Живот

Како да го преживеете барањето работа?

Сте испратиле CV на повеќе од 50 огласи за работа, ги грицкате ноктите, имате предвид неколку компании каде што навистина би сакале да работите и сега треба да чекате, а сте нетрпеливи, нервозни и во неизвесност. Како да преживеете?

Вмрежувајте се


Насочете се кон средување на вашето онлајн-присуство. Особено ставете акцент на „Линкдин“ и презентирајте се во вистинско светло. Сигурно чувствувате дека дојде време да бидете посериозни: без фотографии од луди журки на „Фејсбук“, без слики со очила за сонце на профилната фотографија и на „Инстаграм“. Внимателно изберете како ќе се претставите себеси, сега сте свој асистент, менаџер, пи-ар, стилист и маркетиншки директор.

На „Линкдин“ поврзете се со луѓе од сите области, испратете им порака за благодарност, бидете присутни и искористете ја вашата можност.

Вежбајте


Враќањето во форма по шест месеци поминати во библиотека би требало да биде приоритет за дипломците. Ќе бидете посигурни на интервјуата за работа, ќе добиете сила, кондиција и ќе бидете подготвени да ја покорите секоја работна атмосфера. Помалку ќе мислите на чекање кога ќе имате што да работите.

Започнете блог


Блогирањето за вашата област од интерес е одличен начин да демонстрирате страст кон вашата избрана кариера. Никогаш за алкохолот и за тоа колку го мразите вашето поранешно момче. Пишувајте за вашата област и секој работодавец што ќе го посети вашиот блог ќе биде импресиониран. Можете да пишувате блог за тоа како да го преживеете барањето работа? Поврзете го блогот со „Линкдин“.

Читајте од задоволство

Добра вест додека чекате да ви одговорат на пријавата за работа: читајте книги од задоволство. Уживајте сега, можеби ќе имате премногу обврски кога ќе се вработите. Надградувајте се, читајте од сите сфери што ве интересираат и работете на збогатување на вашиот речник читајќи класика.

Чистење


Ќе се спасите од оваа токсична навика ако се посветите кон средување на заостанатите работи - сега конечно на ред доаѓаат скриптите, весниците, старите реклами, хартијата што сте ја чувале, средување на плакарот и ослободување од работите што не ви требаат.

Табла за визија

Направете колаж за животот што го очекувате. Направете го колажот од слики што ги претставуваат вашите желби, соништа, надежи. Фокусирајте ја вашата енергија на вашите соништа. Ова правете го секоја година.

Истражувајте ја компанијата што ве интересира


Истражувањата покажаа дека при барање работа подобро поминуваат оние што повеќе пребираат. Тоа значи дека оние што поминуваат повеќе време подготвувајќи го своето CV, пронаоѓаат подобра работа на повисока позиција. Површните невработени лица што не избираат што ќе работат, добиваат и такви одговори. Барајте почит и ќе ја добиете. Тоа значи посветување време при истражување на компанијата и нивната структура. Работодавците бараат некој што е страстен кон компанијата, сакаат луѓе за кои ќе проценат дека ќе се трудат.

Практикант

Додека чекате работа можете да се пријавите за практикант, секако додека не најдете нешто подобро.

Започнување бизнис - идеите се пари


Сите успешни бизниси започнале како идеи. Сите идеи се потенцијално успешни бизниси. Вие може да сте следниот светски могул.

Облечете се за да импресионирате


Ја знаете фразата: „Облечете се за работата што ја сакате, а не за работата што ја имате“? Тоа функционира. Кога ќе ве повикаат на работа, облечете се за позицијата до која сакате да стигнете, а не за онаа за која ве повикуваат. Така сигурно ќе оставите добар впечаток. Од 1958 до 1964 година, еден службеник во банка во Охајо на работа одел во костум на астронаут. Луѓето му се смееле, покажувале со прст кон него и барале да разговараат со неговиот надреден. Но тој последен се смеел. Неговото име е Нил Армстронг.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот