X
 21.03.2019 Спорт

Со 8 медали утре ќе се вратат нашите шампиони од Летните олимписки игри од Абу Даби

Три златни, еден сребрен и три бронзени медали си заслужија нашите репрезентативци на Летните олимписки игри на Специјална олимпијада што до денеска се одржува во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.
Марио Мицковски освои два златни медала, во категориите 25 метри грбно и 50 метри слободен стил. Злато освои и Стефан Трпковски. Нивен тренер е Горан Андоновски.


Марио и Стефан заедно со нивниот тренер Горан Андоновски

Атлетичарот Ардијан Шабани и неговиот тренер Ифраим Љута освоија два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.

а
Атлетичарката Сара Дураку освои бронзен медал на 100 метра

Кошаркарската екипа освои бронзен медал, во клучниот меч против репрезентацијата на Буркина Фасо. Нивни тренери се: Ана Котевска, Раша Петровиќ и Дејан Дојчиновски.
Атлетичарката Сара Дураку, под менторство на тренерот Ифраим Љута, освои бронза на трката на 100 метри.
Македонската репрезентација учествуваше со 26 спортисти на Специјалната олимпијада во Абу Даби, а водач на делегацијата е Елена Зисовска.


На радоста ѝ нема крај

Од оваа година и танцувањето стана олимписка дисциплина. Јулијана Петровска, чија професорка по танц е Евгенија Трифуновска, освои второ место во категоријата латино-танци.



Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Спорт