X
 21.03.2019 Живот

За милениумците е постресно кога не добиваат лајкови отколку кога ќе се скараат со некого

Една третина од милениумците сметаат дека животот им е постресен од просекот, а повеќе од половината мислат дека животот денес е постресен од кога било, покажуваат новите анкети.

За милениумците, оние што се на возраст од 22 до 37 години, причина за напнатост се безброј мали стресови како празна батерија на паметниот телефон, метеж во сообраќајот, долго чекање на состанок, а сето тоа со текот на времето предизвикува големи тешкотии, покажува студија на 2.000 Американци.

Десет главни нешта што предизвикуваат стрес кај милениумците, според анкетата, се следниве:

-губење паричник или кредитни картички (50%);
-метеж во сообраќај (48%);
-кавга со партнерот (48%);
-доцнење на работа (44%);
-губење на телефонот (44%);
-бавен безжичен интернет (42%);
-празна батерија на телефонот (40%);
-заборавена лозинка (39%);
-заборавен полнач на телефон (38%);
-измама поврзана со кредитна картичка (38%).

Околу 20 отсто од милениумците велат дека постресно би им било ако не соберат лајкови на објава на социјалните мрежи отколку ако се скараат со некого. Дури 22 отсто повеќе се вознемируваат кога први ќе пристигнат на забава отколку интервју за работа. Одобрувањето на планираната работа е постреснo од пропуштањето на истата, тврдат 35 отсто.

Милениумците велат дека поради стрес, во просек губат три ноќи сон неделно, што е 138 ноќи годишно. Иронично е што 41 отсто од милениумците велат дека против стресот се борат со сон, а 33 отсто со вежбање.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот