X
 21.03.2023 Живот

Откако тргна во нова група во градинка, повторно се врати на пелени. Се плаши да каже дека му се оди во тоалет, што да направиме?

Ви пишуваме како загрижени родители кои веќе пред една година успеаја да го одвикнат од пелени својот син, со тогаш неполни 2 години.
Но, еве, по точно една година, поради тргнувањето во нова група во градинка, не само што се одвикна од наученото, туку и се врати назад на пелени. Сега се плаши да каже на кого било дека му се оди во тоалет, на нокшир, ни за голема ни за мала нужда.
Не знаеме каков страв или фрустрација има собрано во градинка, учителките не нѐ известуваат. Сѐ уште чекаме психолошка помош од нивниот вработен психолог, но и за тоа немаме одговор. Не мора да наоѓаме од што и од кого произлегол проблемот. Иако и тоа е важно за да знаеме понатаму во неговиот живот што би му претставувало тригер, што би поттикнувало уназадување, страв, фрустрација.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк



Издвојуваме

Живот