X
 21.04.2019 Наука

Првпат во вселената е откриена митска честичка

Научниците објавија дека првпат во вселената откриле митска честица HeH+, која би можела да биде прва молекула формирана во вселената и која го означила раѓањето на хемијата.

Според општоприфатената теорија, вселената настанала пред 13,8 милијарди години со големата експлозија. Таа била исполнета со гас, а го сочинувале лесни елементи како водород и хелиум.

Според таа теорија, приближно 100.000 години подоцна, кога температурите почнале да паѓаат, молекулата HeH+ се формирала од атом на хелиум и протон.

- Тој пресвртен момент е првиот чекор во долгата еволуција, која траела милијарди години и на крајот создала толку сложени молекули како што е ДНК - објаснува Дејвид Нојфилд од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, коавтор на студијата објавена во списанието „Нејчр“.

Иако постоењето на молекулата HeH+ е демонстрирано во лабораторија во 1935 година, таа никогаш не била откриена во вселената. И со причина, бидејќи со текот на времето исчезнала од нашето опколување, трансформирана во молекули на водород и атоми на хелиум.

- Недостигот од конечен доказ за нејзиното постоење во меѓуѕвездениот простор пред астрономите создаваше вистинска дилема - објасни Ролф Густен од Институтот „Макс Планк“.

Тој е главен автор на студијата.

Молекулата конечно се појави во младата планетарна маглина NGC 7027, чии услови се одраз на примитивна вселена. Митската молекула била забележана од Стратосферската опсерваторија за инфрацрвена астрономија (СОФИА).
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука