X
 21.04.2021 Живот

Како изгледале рекламите во периодот кога кокаинот и хероинот биле легални лекови?

Во 19 век немало вистински институции да го регулираат она што рекламите го тврделе за здравствените производи. Во таква клима цветал популарниот „патент за медицина“. Производителите на овие медицински производи честопати давале погрешни тврдења и го чувале својот целосен список со состојки и формули заштитен, иако сега знаеме дека тие често содржеле кокаин, опиум, морфиум, алкохол и токсини.

Производи како капки за кашлица од хероин и лек за забоболка со кокаин се продавале отворено и слободно, а производителите користеле различни реклами што се прилично шокантни за модерните очи. Земете го за пример печатениот оглас за смирувачкиот сируп на г-ѓа Винслоу за деца на кои им растат запчиња, на кој се гледа како мајка и нејзините две деца изгледаат сомнително убави. Содржината на морфиум можеби помогнала.

Почнувајќи од 1805 година лековите почнале да се даваат за пациентите да се чувствуваат подобро. Тоа е година кога германскиот фармацевт Фридејх Сертурнер изолирал морфиум од опиум, првиот опијат.

Доставен преку таблети, и до средината на векот преку новоизмислениот хиподермичен шприц, морфиумот брзо станал неопходен. До 70-тите години на 18 век морфиумот станал нешто како волшебно стапче за лекарите и со него овозможувале привремено исчезнување на сите болни симптоми.

Луѓето консумирале дрога како кокаин, хероин и марихуана како да се бонбони. Како поминувало времето, метамфетаминот и кодеинот биле додадени на тој список со нелегални лекови што ги препишувале лекарите.

Голем дел од овие стари реклами за овие лекови што денес се нелегални се неверојатни и привлечни за окото.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Rarehistoricalphotos.com
Фото: Smithsonian Mag
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот