X
 21.05.2018 Образование

Пратеникот Петар Атанасов е нов заменик-министер за образование и наука



Петар Атанасов

Пратеникот Петар Атанасов е нов заменик-министер за образование и наука, дознава факултети.мк. Тој денеска добил понуда од премиерот Зоран Заев и ни потврди дека ќе ја прифати.
Проф. д-р Петар Атанасов е актуелен претседател на комисијата за образование, наука и спорт во Собранието, а членува и во осум други комисии од различни области. Атанасов ќе му биде заменик на Арбер Адеми, кој дојде на местото на Рената Дескоска.

Од 2011 година Атанасов е редовен професор по социологија и комуникации на Филозофскиот факултет. Од 2001 година работел во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања како асистент-истражувач, откако претходно работел како новинар во Македонската телевизија. Од 1994 до 2001 година работи во Министерството за одбрана, најпрво како советник за односи со јавноста и портпарол на министерот, а потоа и како уредник во издавачката дејност на Министерството.

Пишува главно за социо-економскиот развој, образованието, културната и социјална исклученост, човековиот развој, мултикултурализмот, идентитетот, етничките конфликти, безбедноста и постконфликтната рехабилитација. Учествува во повеќе научноистражувачки проекти на полето на политичката култура, демократизацијата, инклузивноста на општеството, дискриминацијата и предрасудите, граѓанското општество и др.
Од 2004 до 2006 предавал мултикултурализам на постдипломските студии за човекови права на Универзитетот во Сараево во соработка со Универзитетот во Болоња. Од 2004 година е член на Балканската мрежа на научни истражувачи на глобалното владеење при Лондонската школа за економија и политички науки. Од 2006 година е член на Научниот борд на Центарот за европски и ориентални студии на Универзитетот во Болоња. Од 2008 до 2010 е визитинг-професор на Универзитетот Американ колеџ-Скопје.
Координатор е на постдипломските студии по Нови медиуми и социјални мрежи. Исто така, е главен креатор на докторскиот студиум Социологија на организацијата.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование