X
 21.05.2020 Живот

Истражување од „Харвард“ открива што е тајната на вечната среќа

Сите сакаме да бидеме среќни во животот, нели? Всушност, потрагата по вечна среќа е можеби многу постара отколку што можеме да си замислиме.

Кога бевме деца, честопати ни ја раскажуваа приказната за еден крал кој им наредил на своите министри да ја најдат најсреќната личност во неговото кралство, затоа што некој му кажал дека ќе биде најсреќниот човек ако ја носи маицата на најсреќниот човек. По долга потрага, неговите министри пронашле човек кој одговарал на критериумите. Човекот бил донесен во дворот на замокот, а кралот му наредил да му ја даде кошулата. Тогаш, среќниот човек се насмевнал и рекол: - Немам кошула.

Тој бил многу сиромашен човек кој не можел ни да си дозволи кошула. Сепак, тој бил најсреќен!

Оваа приказна ни покажува како се разликува дефиницијата на луѓето за среќа. За некои парите се клучот за нивната среќа, за други тоа е здравјето.

Истражување од „Харвард“ го има одговорот

Се чини дека 80-годишно истражување од „Харвард“ можеби ја открило тајната за вечна среќа. Истражувањето што почнало во 1938 година го испитувало одговорот на над 250 учесници и направило интересно набљудување. Според истражувањето, не се парите, богатството или убавината што може да ја одржуваат среќата на човекот засекогаш. Клучот за нашата вечна среќа лежи во нашите односи и врската што ја споделуваме со блиските луѓе има силно и вечно влијание врз нашето здравје и среќа.

sreka
Фото: Unsplash

Влијание врз нашето ментално здравје

Односот што го имаме со блиски луѓе не само што е императив за да нè одржува среќни, туку исто така игра клучна улога во нашето ментално здравје. Според истражувањето, едно лице има пониско ниво на стрес и вознемиреност кога има некој на кого може да смета во лоши и добри моменти.

И бракот игра важна улога

Иако можеби ова не е едно од клучните наоди на истражувањето, но истражувачите се осврнале и на темата брак и среќа. Според истражувањето, паровите кои уживале во среќен и безбеден брачен живот имале тенденција да водат позадоволен и посреќен живот од оние чиј брак бил полн со борби. Но, не ни треба истражување за да го докажеме тоа, нели?

Што може да ја убие вашата среќа?


Додека истражувањето детално ја објаснува важноста на поддржувачките односи во животот на една личност, исто така објаснува како осаменоста може да го турне човек во депресија и тага. Луѓето кои страдаат од осаменост се повеќе склони кон ментално влошување како што стареат од оние кои имаат среќен социјален живот. Еден од истражувачите дури и ја споредил осаменоста со пушењето и алкохолизмот.

Одржувањето на вашите врски е форма на самогрижа


- Изненадувачко откритие е дека нашите односи и колку сме среќни во нашите односи има силно влијание врз нашето здравје. Грижата за сопственото тело е важна, но и негувањето на вашите односи е форма на самогрижа. Мислам дека тоа е неверојатно откритие - вели Роберт Валдингер, директор на истражувањето, психијатар во општата болница во Масачусетс и професор по психијатрија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Харвард“.


Извор: India Times
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот