X
 21.05.2021 Живот

Мајка-делфин посвоила бебе-кит, кое може да достигне со 2 тони

Во близина на брегот на Нов Зеланд група морски биолози откриле дека делфин-мајка од видот „Tursiops“ посвоила младенче од кит од видот „Globicephala“.

Институтот за океаните „Фар аур оушн“ со седиште во Киви ги открил цицачите во Северен Нов Зеланд додека тие пливале и ги документирал во два наврати со разлика од пет недели.

Иако не е необично делфините да посвојат младенчиња од друг вид, ретко е да се забележи толку значајна разлика во големината на видот. Делфинот од видот „Tursiops“ може да достигне до 300 килограми, додека китот од видот „Globicephala“ може да порасне до два тони и да достигне шест метри во должина.

- Веројатно мајката го изгубила своето бебе - вели истражувачот Јохен Заешмар.

Во 2019 година истражувачи од Француска Полинезија откриле дека делфин од видот „Tursiops“ посвоил младенче од „Peponocephala electra“, и останале заедно три години.

Научниците не знаат зошто се случува ова, но постојат хипотези дека станува збор за мајчински инстинкт кој можеби бил нагласен ако мајката-делфин го изгубила бебето и пронашла бебе што си ја изгубило мајката. Сепак, научниците сметаат дека тоа може и да е дел од „личноста“ на мајката.

Без оглед на тоа што ги спојува, овие случаи на посвојување траат до моментот кога младенчето се одбива од цицање, бидејќи шемата на ловење на китовите и делфините е различна.

Извор: Good News Network
Фото: Far Our Ocean Institute
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот