X
 21.06.2018 Живот

Денеска започнува летото! Временска прогноза за првите денови од летото

Во Македонија и на северната хемисфера денеска почнува летото, а истовремено на јужната хемисфера настапува зимата.

Во Македонија летото ќе почне во 12 часот и 7 минути. Овој 172. ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Според прогнозата од синоптичарите, првиот летен ден ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе биде значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а дневната од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Локална нестабилност ќе има до петок во попладневните часови кога ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе услови значително намалување на температурите во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.

Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента. (МИА)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот