X
 21.06.2018 Живот

Феномен што не се пропушта: Марс ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години

Марс се приближува кон Земјата, а најблиску ќе биде за околу еден месец кога ќе можете да го видите со голо око.

Овој феномен немаме можност често да го видиме, со оглед на тоа што последниот пат се случил во 2003 година, а сега повторно ќе се случи на 27 јули.

mars
Фото: Thinkstock


-Како и секоја планета во нашиот Сончев Систем, Земјата и Марс кружат околу Сонцето. Но Земјата е поблиску до Сонцето и затоа е побрза во својата орбита. Земјата прави два круга околу Сонцето, додека во тоа време Марс прави едно такво патување. Така, понекогаш овие две планети се на спротивните страни од Сонцето, доста оддалечени, додека понекогаш Земјата ја достигнува соседната планета и поминува покрај неа доста близу - објаснува НАСА.

Последниот пат кога се случило ова Марс изгледал голем колку Месечината, иако Марс е помал од Земјата и е оддалечен 55 милиони километри.

-Во текот на опозицијата, Марс и Сонцето се наоѓаат на спротивните страни од Земјата, и од наша перспектива, Марс излегува на исток, а Сонцето на запад. Откако ќе остане на небото цела ноќ, Марс ќе биде на запад, додека Сонцето на исток. Со оглед на тоа што Марс и Сонцето се појавуваат на различни страни, велиме дека Марс е во опозиција - додава НАСА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот