X
 21.06.2022 Технологија

„Мета“ отвора продавница за дигитална дизајнерска облека

Главниот извршен директор на технолошката компанија „Мета“, Марк Закерберг, открил дека компанијата отвора дигитална продавница за дизајнерска облека наречена „Мета аватарс стор“.

Не се знае колку луѓе се подготвени да платат за да го облечат својот аватар во дизајнерска облека, но според Закерберг, продавницата ќе им овозможи на корисниците да се изразат преку својот аватар. Виртуелната продавница ќе биде достапна на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месенџер“.

На почетокот ќе се продаваат дигитални парчиња од „Баленсијага“, „Прада“ и „Том Брауни“. Компанијата не открила информации за цените на дигиталната облека, но посочила дека ќе остане опцијата за користење бесплатна облека за аватарите.

Закерберг открил и дека наскоро, креативците ќе може да создаваат и продаваат своја облека во продавницата.

За почеток, продавницата ќе биде достапна за корисниците во САД, Канада, Тајланд и Мексико.

Извор: Tech crunch
Насловна фотографија: Meta
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Технологија