На церемонијата за доделување на медалите на Светското првенство во фудбал во Москва врнеше силен дожд. Додека рускиот претседател Владимир Путин се скри под чадор, францускиот претседател Емануел Макрон и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ беа целосно наврнати.
Токму во моментот на доделување на медалите небото над Москва се отвори, а телохранителите на Путин имаа само еден чадор. За да нема повторување на вакво сценарио, хрватската компанија „Киша“ реши во Кремљ да испрати десет чадори.
Инаку, „Киша“ е компанија од Риека која се занимава со производство на паметни чадори кои имаат вграден ГПС и е лесно да ги
пронајдете.