X
 21.07.2018 Наука

Малку фалело „Аполо 11“ да не слета на Месечината

Вселенското летало „Аполо 11“ е првото што слета на Месечината, но многу малку фалело тоа да не се случи. Нил Армстронг и Баз Олдрин имале само неколку минути до историското слетување кога компјутерот на леталото пријавил проблем. За среќа, брзата одлука на инженерот го решила тоа.

Во 1960 година и НАСА и Советскиот Сојуз имале цел да бидат први што ќе испратат луѓе на Месечината. Тоа имало политичка заднина. Првата нација што ќе слета на Месечината ќе биде позната во светот по нејзината моќна технологија. Исто така, слетувањето на Месечината може да придонесе за зголемување на економијата и за откривање нова технологија.

Програмата на НАСА е наречена „Аполо“ и се состоела од повеќе мисии. Едните имале цел да ја тестираат способноста на леталото, додека другите повеќе биле истражувачки мисии за самото слетување на Месечината. Мисијата за првото слетување на Месечината е наречена „Аполо 11“.

Леталото веќе било во процес на автоматско слетување на Месечината кога еден од астронаутите забележал дека на екранот на компјутерот пишувало „1202 алармантно“. Астронаутите не сфаќале што точно значи пораката, со оглед на фактот што во тоа време компјутерите не биле доволно развиени. Но, инженерите веќе знаеле дека 1202 е ознака за преоптовареност. Шифрата се појавувала на секои десет секунди и сите биле преплашени.

Сепак, астронаутите одлучиле да слетаат и покрај појавувањето на алармот на компјутерот. НАСА и целиот свет биле пресреќни кога леталото конечно слетало на Месечината. Армстронг во тој момент ја презел контролата на компјутерот и леталото го управувал рачно.

Подоцна излегло дека всушност еден од астронаутите заборавил да го притисне копчето за правилно слетување и затоа се појавил алармот. За среќа, алармот не се појавил кога леталото се враќало кон Земјата.

Подготвил: Б.Т.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука