X
 21.07.2018 Живот

Последниот Амазонец: Приказната за најосамениот човек на светот

Снимка наречена „Најосамениот човек на светот“ го обиколи целиот свет. На снимката е прикажан член на едно племе, кој има околу години и живее сам во бразилски Амазон веќе 22 години откако последните членови на неговото племе биле убиени.

Видеото е снимено од дистанца и на него може да се види развиен маж како сече дрво со секира. Снимката беше објавена од страна на бразилската агенција за домородни племиња „Фунаи“, која го набљудувала човекот уште од 1996 година и морала да докаже дека сѐ уште е жив за да може да се обнови наредбата за ограничување на движењето во областа во која се движи тој - во северозападната сојузна држава Рондонија.

Областа од околу 4.000 хектари е опколена со приватни фарми и обесшумени области. Но, забраната не дозволува некој да влезе и да го загрози човекот.

Што се знае за човекот?

Многу малку, иако бил предмет на неколку истражувачки извештаи, репортажи и книга. Нема податоци дека човекот некогаш зборувал со некој од надвор. Се верува дека тој е единствениот преживеан од група од шест лица, кои биле нападнати од фармери во 1995 година. Името и јазикот на неговото племе не се познати до ден денес.

Зошто снимката е ретка?

Досега од човекот постоеше само една заматена фотографија. Таа била направена од страна на снимател кој ја придружувал екипата на „Фунаи“ на едно патување и била прикажана на кратко во документарен филм од 1998 година.

Активистите велат дека се задоволни и изненадени што човекот изгледа дека е во добра здравствена состојба.

Агенцијата има политика на избегнување на контакт со изолирани групи и оттаму додаваат дека човекот дал до знаење дека не сака да има контакт со никого така што во минатото луѓето ги гаѓал со стрели.

Фото: BBC

Зошто човекот е во опасност?

Се верува дека мнозинството од неговото племе било десеткувано во 1970-ите и во 1980-ите откако во близина бил изграден пат, предизвикувајќи зголемен интерес за земјиште за бизнис цели. Денес фармерите и илегалните дрвосечачи сѐ уште ја сакаат неговата земја. Исто така, тој би можел да се соочи и со „пистолеросите“.

Дождовните шуми на Амазон се дом на повеќе племиња кои немаат контакт со надворешниот свет. Контактирањето со надворешниот свет носи ризик од смрт предизвикана од грип, мали сипаници или друго бидејќи припадниците на племињата имаат многу слаб имунитет.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот