X
 21.07.2019 Живот

Земјата каде што партиципација за студии може да се плати и со пластичен отпад

Со дури 1.600 јазици и една шестина од светското население кое ја нарекува своја татковина, Индија е сè само обична не.

Разноликоста на пејзажите, кујната и временските услови прават некои делови од земјата да изгледаат како да се од сосема различни земји.

Еве неколку работи што ја прават оваа земја толку посебна.

1. Целиот свет има 4 годишни времиња, а Индија има 6

Традиционалниот индиски календар има шест годишни времиња:

Пролет: Од средината на февруари до средината на април;

Лето: Од средината на април до средината на јуни;

Монсун: Од средината на јуни до средината на август;

Есен: Од средината на август до средината на октомври;

Предзима: Од средината на октомври до средината на декември;

Зима: Од средината на декември до средината на февруари.


2. Во светот постојат околу 8.000 јазици, а дури 1.600 се зборуваат само во Индија

Во повеќето земји се зборуваат еден, два или три јазика, но во Индија дури 1.600, од кои дури 122 се класификувани како официјални јазици. 30 јазици се мајчини за повеќе од 30 милиони луѓе, но ако планирате да ја посетите Индија, не грижете се, таму речиси сите зборуваат англиски. Она што е најинтересно е можеби фактот дека и покрај толкавиот број јазици, Индија нема национален јазик.

3. Постојат факултети кои наместо пари за партиципација, примаат пластичен отпад

Овој потег не само што го олеснува школувањето за сиромашните туку и помага во намалувањето на количината пластика што завршува во природата.

4. Во светот има сѐ помалку зеленило, во Индија има сѐ повеќе

Во последните 20 години дојде до масовно сечење на шумите низ светот, поради што има сѐ помалку зеленило. Од друга страна, зелената прекривка во Индија е повеќекратно зголемена. Тајната е во масовното садење дрвја во Индија во 2017 година, кога беше срушен светскиот рекорд со 66 милиони посадени дрвја за само 12 часа.


5. Мажите се гушкаат и се држат за раце

Во Индија е сосема нормално двајца мажи кои штотуку се запознале да се гушнат. Исто така, вообичаено е да се видат и двајца пријатели од машки пол како шетаат држејќи се за раце.

6. Бројот на луѓе што патуваат со индиската железница е ист како бројот на жители во Австралија

Иако е познато дека Индија е втора земја во светот според бројот на жители, на некои луѓе им е тешко да замислат колку е голем тој број. Станува збор за 1.345.760.000 жители.

7. Сѐ е евтино

Во  Индија можете да си дозволите сѐ. Кафето чини 20 центи, а обемен оброк најмногу 5 долари. Ноќевање во хотел чини помалку од 15 долари, а градскиот превоз е најевтин во светот.

8. Зошто Индијците постојано кимаат со главата?

Кимањето со главата означува согласување или несогласување, но кимањето се разликува во различни делови од земјата. Имено, може вие да мислите дека Индиецот се согласува, а тој всушност да вели „не“.

9. Игра што се почитува како религија

Крикетот се игра и гледа како нешто божествено. Индијците слават кога нивниот тим ќе победи и плачат кога ќе загуби.

View this post on Instagram

Throwback 💙

A post shared by ROHIRITIKA.45 [62k]🔵 (@rohiriitika.45) on


10. Во тоалетите нема тоалетна хартија

Индијците преферираат миење на интимните делови по употребата на тоалетот, па наместо хартија, во секој индиски тоалет ќе најдете мала кофа и пешкир.

11. Банки што не ги заклучуваат влезните врати

Во градот Шани Шингапур, познат по многуте храмови, жителите немаат врати на куќите, а ако имаат, не ги заклучуваат. Тоа е така затоа што веруваат дека се заштитени од бог. Градот ја доби првата банка во 2011 година, но и таа не се заклучува.

12. Шахот потекнува од Индија

Шахот го добил името по изразот „Чатуранга“, што значи 4 девизии војска - слонови, автомобили, коњаница и пешадија. Се верува дека настанал во 6 век.

13.  Индија е земја на фестивалите


Поради тоа што слави толку богови и божици, Индија има полно фестивали. Секој е уникатен по начинот на прославување, но сите имаат едно заедничко нешто - сите се многу весели и шарени.

На пример, еден од најпознатите индиски фестивали, Холи (фестивалот на боите), ја слави љубовта, почетокот на пролетта и триумфот на доброто над злото. За време на овој празник луѓето излегуваат на улица и се полеваат со обоена вода или со прашок во разни бои. На Холи целата земја е обоена.

14. Земјата на преубавите луѓе

Дали знаете дека Индија има најмногу победи кога станува збор за „Мис на светот“? Дури шестпати лентата ја зела девојка од Индија, што не се случило со ниедна друга земја.
View this post on Instagram

Miss Universe 2000 @larabhupathi Follow @crownsofsubstance 👑 #MissIndia #MissIndia2019 #MissWorld #MissGrandInternational #MissWorldIndia #MissGrandIndia #MissWorldIndia2019 #MissGrandIndia2019 #Hautecouture #MissUnitedContinents #MissIndiaTheDream #anukreethyvas #ManushiChhillar #Bollywood #like4like #followforfollow @piawurtzbach @irismittenaeremf @paulinavegadiep @missuniverse @missusa @paulinavegadiep @gutierrezary @laurabarjum @bbpilipinasofficial #catrionagray #missuniverse2018 #missuniverse #catrionahomecoming #piawurtzbach #missuniverse2016 #missuniverse #irismittenaere #demileighnelpeters @frederikacull @paweensuda @gazinii @patchmag @missgrandfamily #puteriindonesia @ariskaputripertiwii @officialputeriindonesia #sushmitasen #aishwaryarai

A post shared by Tiaras Crowns Sashes 🌷 (@crownsofsubstance) on


Фото: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот