X
 21.07.2021 Образование

Царовска: Студентските стипендии се зголемуваат на 6.050 денари

- Од новата академска година студентите ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии со цел да го стимулираме и вреднуваме нивниот труд, знаења и успеси, но и да го подобриме стандардот на младите - велат од Министерството за образование и наука.

Владата ги усвои овие промени со кои освен зголемување, се проширува и опфатот на студенти со стипендии, но и се воведуваат нови и се враќаат стипендии кои биле укинати во минатото. За оваа намена годишниот буџет е зголемен за 35%. 

Ова го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со претставници на студентските и средношколските организации и сојузи кои беа активно вклучени во креирањето на новите политики за стипендирање.


- Во делот на поддршката на студентите, ќе доделуваме стипендии во 11 различни категории. За 9 категории износите ги изедначуваме и ќе бидат 6.050 денари на месечно ниво, што значи пораст во однос на тоа што досега се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари - изјави Царовска.

Изедначувањето се однесува на вкупно 2.840 стипендии кои ќе се доделат со стартот на новата академска година. Стипендиите за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво. За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси и заинтересираните навремено ќе бидат информирани за сите услови, критериуми и рокови за остварување на ова право.

фото: МОН

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование