X
 21.07.2022 Култура

Брутална серија на „Нетфликс“ за која луѓето велат дека е премногу тешка за гледање

Првото нешто што ќе ви го привлече вниманието на веб-страницата на новата серија „Алба“, новообјавената драма на шпански јазик, е прилично темниот синопсис.

- Алба се буди на плажа, со докази за силување, но без сеќавање на претходната ноќ. Потоа дознава дека нејзините силувачи се пријатели на нејзиното момче - пишува на веб-страницата на серијата.

Втората работа што ќе ја забележите на десната страна на екранот кога ќе влезете на стриминг-платформата „Нетфликс“ е што овој стриминг ја смести серијата во категориите емотивно и романтично.

Сигурно постои подобар избор од романтично.

Во секој случај, оваа драма штотуку излезе на „Нетфликс“, а веќе е во топ-10 серии во САД. Повторно, ова е пример дека шпанската содржина расте на врвот на листата на „Нетфликс“, глобализирајќи ја содржината која инаку би можела да има ограничен пазар доколку не би била на „Нетфликс“.

Серијата „Алба“ е базирана на турски роман и тематски потсетува на друга драма на „Нетфликс“ која беше пофалена и од гледачите и од критичарите: мини-серијата „Неверојатно“.

Во „Алба“, протагонистката е дрогирана, силувана и очајно се обидува да ги убеди властите дека сексот бил против нејзина волја.

Во меѓувреме, еден од младите луѓе што Алба ги обвинува е од богато и моќно семејство кое со пари се обидува да направи да исчезнат овие обвиненија.

„Алба“ наиде на доста пофалби од публиката и во однос на продукција и во однос на глума. Единствената замерка што гледачите ја имаат е тоа што серијата е прилично тешка за гледање.



Извор: Bgr.com
Насловна фотографија: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура