X
 21.07.2022 Образование

Универзитет ќе нуди предмет за Хери Стајлс

Државниот универзитет во Тексас планира да отвори предмет за британската поп-ѕвезда Хери Стајлс наредната пролет. Професорот по дигитална историја Луи Дин Валенсија го најавил предметот „Хери Стајлс и култот на позната личност: идентитетот, интернетот и европската поп-култура“ на „Твитер“.



Според неговата објава, предметот ќе се фокусира на пејачот и популарната европска култура за да се разберат културниот и политички развој на модерната позната личност во врска со прашања како род и сексуалност, раса, класа, нација и глобализам, медиуми, мода, обожаватели, интернет-култура и консумеризам.

Валенсија, кој ќе го предава предметот, открил дека е голем обожавател на Хери Стајлс и почнал да ја слуша неговата музика уште додека пејачот беше дел од групата „Уан дајрекшн“.


Извор: Huffpost
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование